Економија, финансии, бизнис

Контакт

Меџити: Спречивме пораст на заболувањата од конго-кримската хеморагична треска

Меџити: Спречивме пораст на заболувањата од конго-кримската хеморагична треска

Министерот за здравство Фатми Меџити денеска објави дека со брза реакција на здравствените власти спречен е експоненцијален раст на заразени со конго-кримска хеморагична треска (ККХТ).

Ова министерот го соопшти по состанокот со членовите на Комисијата за заразни болести, кој како што соопшти Министерството за здравство, го иницираше Меџити, а на кој се анализираше актуелната состојба со ККХТ во државата.

Според министерот, здравствениот систем навреме и соодветно одговорил по детектирањето на првите случаи на ККХТ.

- Министерството за здравство и сите здравствени иституции навремено и професионално одговорија и со набавка на соодветна терапија, која и покрај реткоста, за 24 часа стигна во нашата земја, рече Меџити. 

Комуникацијата и консултациите со Комисијата за заразни болести, ИЈЗ, Инфективната клиника ќе продолжат во наредниот период и доколку е потребно ќе бидат предложени соодветни мерки за подигнување на степенот на превенција на уште повисоко ниво.


Слично

Поврзани вести