„МЕЏИТИ СО БАГЕРОТ НА ГАНИУ ЈА СРУШИ ДИВОГРАДБАТА НА ОСМАНИ“: Арсовска иронична, вели само сонувала
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, продолжува да зборува и да притиска за дивоградбите во општина Чаир. Пбјави комичен статус за рушење на дивоградбите во општината.
„Утрово во организирана акција министерот Изет Меџити, со багерот на Висар Ганиу почна со рушење на незаконските и небезбедни дивоградби низ Чаир. Прва ја сруши дивоградбата на Бујар Османи која Изет изјави дека лично му ја легализирал. Продолжи со багерот накај 12 катниците што крадат вода и струја, градени со перени пари.
Потоа МВР координирана од Владата, во акција со своите специјални единици ги уапси криминалците од ДУИ и Заев.
И во тој момент се разбудив. Сѐ можат, само за криминалот на Висар Ганиу не смеат да писнат.
Фото: Данела Арсовска /Фејсбук
Македонија повторно горда“, напиша таа.
Слично
