Економија, финансии, бизнис

Контакт

МЕЏИТИ СЕ СРЕТНА СО БУГАРСКИОТ АМБАСАДОР РАДУКОВ: На кои теми разговараа?

МЕЏИТИ СЕ СРЕТНА СО БУГАРСКИОТ АМБАСАДОР РАДУКОВ: На кои теми разговараа?

Вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска се сретна со новоименуваниот бугарски амбасадор, Жељаско Радуков.

Тие изразија волја за отворен дијалог, зајакнување на трговската размена, како и протокот на луѓе меѓу двете земји.

Меџити, откако му го честиташе именувањето на новата функција, на бугарскиот амбасадор му посака успешна работа во нашата земја, како и продолжување на соработката во сите области од интерес на двете држави.

Радуков минатиот месец е именуван на оваа позиција, а го наследи долгогодишниот бугарски амбасадор во Скопје, Ангел Ангелов.

Инаку, вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски денеска коментирајќи ја вчерашната изјава на шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок, која рече дека уставните измени се клучен чекор кон почетокот на преговорите на Северна Македонија со ЕУ, истакна дека позицијата на Владата е јасна, директна и отворена, а тоа е дека нема уставни измени под бугарски диктат и оти единствен начин тоа да се реши е да се даде гаранција дека нема да има натамошни блокади.

Слично

Поврзани вести