Економија, финансии, бизнис

Контакт

Меџити: Се наѕира Влада „Заев2“

Меџити: Се наѕира Влада „Заев2“

Разговорите на коалициските партнери СДСМ и ДУИ околу најавената реконструкција на Владата се при крај, според она што го изјави Изет Меџити, потпретседателот на помалиот владин коалиционен партнер синоќа во студиото на Алсат.

Разговорите меѓу коалиционите партнери финишираат потврдуваат од ДУИ од каде велат дека 90 проценти од работите се завршени. Поранешниот градоначалник на Чаир вчера изјави дека наредните денови се очекува да биде познат новиот формат на Владата, која според него, би се викала Влада „Заев2“  и би се концентрирала на економијата и капиталните инвестиции.

„Мислам дека 90 проценти од прашањата се затворени. Очекуваме наредните денови да заврши договорот и да излезе во јавноста новиот формат на Владата. Ако ме прашувате за имиња, не ги знам“, изјави Меџити во емисијата „Патот кон“.


Слично

Поврзани вести