Економија, финансии, бизнис

Контакт

Меџити: Прв вицепремиер не постои како функција во Законот, но ја има во владината регулатива

Меџити: Прв вицепремиер не постои како функција во Законот, но ја има во владината регулатива

Освен министер за екологија, Изет Меџити ќе биде и прв вицепремиер во идната Влада. Тоа и самиот го потврди, појаснувајќи дека оваа функција не постои во Законот за влада, туку истата функционира е врз основа на владината регулатива.

„Во Законот за Влада и во минатото не постоеше првиот вицепремиер. Ова е регулирано само со регулатива на Владата. Имаме договор со следниот премиер, па јас ќе бидам прв вицепремиер. Тврдиме дека тоа во иднина и со Закон ќе го официјализираме“, изјави Изет Меџити, претседател на „Демократско движење“.

Пред неколку дена потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, како гостин во „Телма“ изјави дека во следната Влада нема да има прв вицепремиер, туку сите вицепремиери ќе бидат исти. Еден од нив ќе биде и самиот Николовски.

Денеска на седницата на Собранието за гласање на новата Влада и владината програма, новото владеачко мнозинство доби критики од опозицијата дека ја излажале јавноста дека ќе се укине неформалната функција „прв вицепремиер“ која си ја наметна Артан Груби.


Слично

Поврзани вести