Економија, финансии, бизнис

Контакт

Меџити: Oваа ситуација докажува дека не згрешивме што го ставивме името на Адeм Демачи на една од улиците

Меџити: Oваа ситуација докажува дека не згрешивме што го ставивме името на Адeм Демачи на една од улиците

Прекршочните пријави за Касами и Ганиу се поради притисок од српската антиалбанска политика, вели екс градоначалниот на Чаир, Изет Меџити. 

„Овој сталинистички метод на информативни разговори, кој во времето на комунистичка Југославија најмногу го чувствуваа Албанците, покажува дека рецидивите од минатото сè уште се консумираат кај нас“, вели лидерот на Демократскo движење, Изет Меџити.

Но, тој во објавата на социјалните мрежи додава дека не згрешиле што именувале улица по косовскиот интелектуалец Адем Демачи. 

„Но, оваа ситуација докажува дека не згрешивме што го ставивме името на Адам Демачи на една од улиците на главниот град, бидејќи денес повеќе од кога било ни е потребен неговиот дух на отпор“, смета тој.


Полицијата им поднесе прекршочни пријави на општините Тетово и Чаир и на нивните градоначалници Биљал Касами и Висар Ганиу. Пријавите се за непочитување на државните симболи при посетата на косовскиот премиер Албин Курти.

Слично

Поврзани вести