Економија, финансии, бизнис

Контакт

МЕЏИТИ НАЈАВИ НОВИ ВОЗИЛА ЗА БРЗА ПОМОШ: Донираните седум ќе се користат од следниот месец, се чека тендер за останатите

МЕЏИТИ НАЈАВИ НОВИ ВОЗИЛА ЗА БРЗА ПОМОШ: Донираните седум ќе се користат од следниот месец, се чека тендер за останатите

Следната година во Итната медицинска помош треба да бидат вклучени вкупно 22 нови возила, најави министерот за задравство, Фатмир Меџити. 

Тој појасни дека седум од новонајавените возила за итна медицинска помош, се донација  од Европска Унија и треба да бидат вклучени во употреба првите недели од јануари. 

Што се однесува до другите возила, за нив допрва треба да се потпише тендер за набавка, па не прецизираше кога ќе се пуштат на улиците. 

- Плус оние што кога дојдов во кабинет, ги имаме нарачано, ќе се потпише тендерот некаде во јануари, за 22 коли - појасни тој. 

Нагласи дека интензивно ќе има нови вработувања од јануари, најголем број за медицински сестри, но и во брзата помош, секаде каде што има дефицит, така што малку ќе се амортизира дефицитот. 

Тој се осврна и на вчерашната најава за нови вработувања во здравството. 

- Еден голем број од нив ќе вклопиме во овие вработувања во месец јануари. После тоа, нема да ни требаат согласности од Финансии и како Министерство ќе почнеме со нова систематизација низ целата држава, таму каде што има потреба, ќе ги вклучиме овие готови кадри, многу битни за македонското здравство, рече Меџити. 

Министерот рече дека при изборот на нови кадри, ќе се бираат најдобрите. 

Тој соопшти  дека првите десет лекови од новиот двоцифрен број на лекови на позитивна листа, што ги користат пациентите со хронични болести, ќе бидат вклучени некаде во првите недели на јануари. Со тоа, нагласи, ќе се ревидира таа листа што не е ревидирана над 13 години. 

Слично

Поврзани вести