Економија, финансии, бизнис

Контакт

МЕЏИТИ КОНЕЧНО СЕ ОГЛАСИ ЗА ОБВИНУВАЊАТА НА АРСОВСКА: Која општина нема дивоградба?

МЕЏИТИ КОНЕЧНО СЕ ОГЛАСИ ЗА ОБВИНУВАЊАТА НА АРСОВСКА: Која општина нема дивоградба?

Откако градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска веќе подолго време објавува за криминали со дивоградби во општина Чаир, се огласи вицепремиерот Изет Меџити, кој во интервју за ТВ 24, рече дека таа треба да одговори за хаосот во градот и екоцидот што му го прави на Скопје. 

Меџити нагласи дека Арсовска не направила ништо за Чаир а наплаќа даноци од тамошните граѓани.

„Она сработила за ДУИ и Беџети. Кога сме веќе тука, има податоци. На ниво на државата има над 200 илјади дивоградби, а Чаир учествува само со 1,6% и не може да биде лидер во тоа. На ниво на Град Скопје, Чаир е шеста општина по дивоградби. Ја повикавме за Сарај, ама се вадеше дека општината е надвор од градот. Не е точно. Ја прашавме и за Шутка и тогаш пак добивме одговор дека нема надлежности, рече Меџити.

Тој смета дека градоначалничката нема основа за напади, иако поднесе официјални документи до Основното јавно обвинителство.

-Која општина нема дивоградба? Нема згради во Карпош, Центар, другите општини?…праша вицепремиерот и повторно и упати прашање на Арсовска зошто не доаѓа во контрола на објектите кои ги гради пратеникот на ДУИ, Блерим Беџети.



Слично

Поврзани вести