Економија, финансии, бизнис

Контакт

Меџити: Имаме писмени докази, ВМРО ДПМНЕ прифати повеќе од двојазичност!

Меџити: Имаме писмени докази, ВМРО ДПМНЕ прифати повеќе од двојазичност!

Нови тврдења произлегуваат од партијата на долгогодишниот коалиционен партнер на владеачката гарнитура во однос на платформата која стана сопка за состав на новата влада.

Овој пат градоначалникот на Чаир и потпретседател на ДУИ, Изет Меџити тврди дека партијата на Никола Груевски прифатила двојазичност и многу повеќе отколку СДСМ и дека само СЈО било пречка за коалиција меѓу ДУИ И ВМРО ДПМНЕ.

Меџити ова тврдење во јавноста го пласираше преку емисијата „Патот кон“ на телевизија Алсат М . Тој тврди дека ВМРО–ДПМНЕ прифатиле и повеќе од тоа што првично се барало од страна на албанските партии, освен СЈО.

„ВМРО-ДПМНЕ прифати и двојазичност и казни за директорите на институции каде нема да се зборува албански. Се прифатија, само за СЈО не сакаа да слушнат! Затоа не ни успеа коалицијата со нив! И за ова имаме писмени докази“, рече Изет Меџити.

Слично

Поврзани вести