Меџити имал грип, затоа не отишол во Будимпешта
На меѓувладината седница во Будимпешта кај унгарскиот премиер Виктор Орбан имаше само министри од ВМРО-ДПМНЕ, а не беа присутни тие на коалицијата Влен и на ЗНАМ.
Првиот вицепремиер Изет Меџити во изјава за ТВ24 ги соопшти причините за неговото неучество на меѓувладината седница во Будимпешта, Унгарија. Меџити накратко изјавил: „Не можам да патувам, имам грип“.
Во 30-члениот тим на македонската Влада во Будимпешта со изнајмениот турски авион на билатералниот самит со унгарската Владаимаше само министри на ВМРО-ДПМНЕ.
Од прес службата на Владата објаснија дека некои од министрите, вклучително и тие од ЗНАМ -министрите за правда Игор Филков и за јавна администрација Горан Минчев, не отпатувале поради тоа што нивните ресорни колеги министри од различни причини не биле во можност да се сретнат со нив.
Вчера во Скопје беше министерот за дигитална трансформација Стефан Андонов, кој доаѓа од редовите на ВМРО ДПМНЕ. Андоновски веројатно беше единствениот министер од партијата на Мицкоски, кој не отпатува за Будимпешта.
