Економија, финансии, бизнис

Контакт

Меџити го откри датумот: Пендаровски доби предлог за враќање на Груевски на Денот на Европа

Меџити го откри датумот: Пендаровски доби предлог за враќање на Груевски на Денот на Европа

Лидерот на новоформираното „Демократско движење“ и поранешен функционер на ДУИ, Изет Меџити, во синоќешната емисија Клан Дебата изјави дека во кабинетот на претседателот Стево Пендаровски се преговарало за враќање на поранешниот премиер Никола Груевски на 9 мај - денот кога се слави победата над фашизмот и Денот на Европа.

Не е точно дека некој од опозицијата побарал од претседателот на државата Стево Пендаровски да го помилува Никола Груевски. Според Меџити, тоа го направиле владејачките партии.

Меџити нагласи дека тој и албанската опозиција имаат факти за тоа кој бил на средбата со Пендаровски за да преговара за враќање на Груевски, споменувајќи го и денот кога се случила оваа средба.

„Не треба многу тоа да го потврди претседателот на државата. Беше на Денот на Европа во неговиот кабинет. Така да, не зборуваме на памет“, рече Меџити во Клан Дебата.

Претседателот Пендаровски, соопшти дека оваа година, на два наврати опозицијата преку посредници му упатила „предлози да размисли за помилување на одредени политичари или да поддржи закон за амнестија на актуелни или поранешни политичари“.

„Тие предлози, преку посредници, до претседателот Пендаровски беа упатени од политички и безбедносни структури кои се блиски до актуелната опозиција, како и од поранешни политичари“, соопшти Кабинетот на претседателот.

Ваквото соопштение е реакција на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ на која портпаролот Наум Стоилковски го праша претседателот Пендаровски кој од него барал амнестија за бегалецот од правдата и поранешен премиер и претседател на партијата, Никола Груевски.

Реакцијата, пак, на ВМРО-ДПМНЕ доаѓа по изјавата на претседателот во емисијата „Трилинг“ дека пред седум-осум месеци неформално било побарано од него да го помилува Груевски.

Засега деманти дека е побарана амнестија има од поранешниот премиер Зоран Заев и од самиот Груевски.


Слично

Поврзани вести