Медиумите во Србија ја пренесоа веста за можно ослободување од патарина
Српските медиуми ја пренесуваат изјавата на премиерот Зоран Заев дека е можно српските туристи летово да не плаќаат патарина во земјава.
Медиумите при пренесување на изјавата на Заев акцент ставаат на тоа дека донираните вакцини биле во вредност од околу 700.000 евра и дека Македонија би требало за тоа да се оддолжи.
Првите вакцини кои Македонија ги доби беа од Србија. Со нив се вакцинираа лекарите. Србија одвои уште 40.000 дози за Македонија. Во Србија се вакцинираа над 22.000 граѓани од регионот.
Слично
