МЕДИУМИТЕ ВО РЕГИОНОТ СО ЖЕШКИ НАСЛОВИ ЗА БОМБИТЕ ВО СКОПЈЕ: „Говорот на премиерот Ковачевски откажан“
Дојавите за
поставени бомби во многу објекти, хотели, спортски институции, Меѓународниот
аеродром во Скопје станаа главна тема и во медиумите во регионот.
Пренесуваат и српски и хрватски медиуми дека поради дојава за бомба евакуирани се гостите од Хотелот „Александар Палас“ каде што на годишната Конференција на СКСМ требаше говор да одржи премиерот Димитар Ковачевски, како и министрите за економија и финасии, Крешник Бектеши и Фамир Бесими, што требаше да започне во 10 часот.
Заканувачки пораки за поставени бомби, денеска стигнаа и на Меѓународниот аеродром Скопје, ФФМ, СЦ „Борис Трајовски“ и најголемиот трговски центар „Ист Гејт“, како и основно училиште во Битола.
Ова е првпат да се испрати заканувачка порака до скопскиот аеродром и пред собир на кој присуствуваа политичари, по серијата закани кои почнаа да пристигнуваат пред скоро три месеци во средните училишта, а подоцна и до деловни центри, државни институции и станбени згради.
