Медиумите шпекулираат за причините, ОЈО молчи за смртта на Влатко Илиевски
Дел од медиумите пишуваат дека е позната причината за смртта на неодамна починатиот пејач Влатко Илиевски .
Повикувајќи се на сајтот досие.мк кој во моментов не функционира голем дел од медиумите објавија дека пејачот починал поради предозираност.
„Во крвта на пејачот се најдени многу лекови, вистински коктел од дрога, од кои повеќето имаат кокаин, а дрога е најдена и во неговиот автомобил“, пишуваат и медиуми од регионот повикувајќи се на погореспомнатиот портал.
Сепак од Основното јавно обвинителство нема никакви официјални информации по повод написите во дел од медиумите.
Илиевски беше пронајден мртов во својот автомобил пред две недели во главниот град Скопје.
33-годишниот Илиевски, кој е роден во Скопје, ја претставуваше Македонија на Евровизија во 2011 година во Германија . Неговата музичка кариера започна во 2000 година а зад себе остави бројни песни и хитови, но и необјавени нумери.
