Економија, финансии, бизнис

Контакт

МЕДИУМИТЕ СЕ ЧУВАРИ НА ЈАВНИОТ ИНТЕРЕС - АВМУ со осуда за нападите кон новинарите

МЕДИУМИТЕ СЕ ЧУВАРИ НА ЈАВНИОТ ИНТЕРЕС - АВМУ со осуда за нападите кон новинарите

Од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска испратија реакција до медиумите со која ги осудуваат вербалните закани упатени кон сите новинари и медиумски работници, вклучувајќи го и новинарот Огнен Јаневски искажани во две контактни емисии на ТВ 24.

- Сите форми на напади врз новинарите се апсолутно неприфатливи и претставуваат директен напад врз демократијата и слободата на говорот во едно општество. Медиумите се чувари на јавниот интерес и креатори на јавната свест поради што безбедноста на медиумските работници во ниту еден момент не смее да биде загрозена - истакнуваат од Агенцијата.

Од таму додаваат дека како многупати досега, апелираат да се почитува достоинството на медиумските работници и да се овозможат услови за професионална работа на медиумите.

Слично

Поврзани вести