Медиумите од регионот за „инцидентот“ во Американска амбасада: Како Гоце Делчев изчезна од македонската химна
Во амбасадата на САД во Скопје во текот на приемот по повод Денот на државноста е интонирана македонската химна со поинаков текст од официјалната верзија и тоа во втората строфа во која се спомнува името на Гоце Делчев-пишуваат медиумите од регионот.
Српските медиуми дополнуваат и дека наместо „Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански“, се испеани зборовите „старо и младо, машко и женско, на нозе се кренало“.
Кога се работи за националната химна на Северна Македонија, дури и премиерот Заев по потпишување на Преспанскиот договор, кој подразбираше промена на името тврдеше дека химната останува иста.
Ова е прв пат од стекнувањето на македонската независност во 1991 година да се испее македонската химна со нов текст во втората строфа на еден официјален настан во Скопје-пишува српски Курир.
-Скандал во американската амбасада: Македонската химна интонирана со поинаков текст, а се поради оваа држава од регионот! - е насловот на Србија Данас.
-Настан без преседан: Во американската амбасада во Скопје интонирана погрешна химна-пишуваат српски новости.
-Како Гоце Делчев исчезна од химната на Македонија? - пак прашува РТС.
По ова случување извинување стигна и од самата изведувачка Тамара Тодевска но и од американската амбасада.

