МЕДИУМИТЕ ОД РЕГИОНОТ: Малиот Марко го нарекоа „чудо од дете“ и „македонски херој“
„Мал македонски херој“, и „Чудо од дете“, го нарекоа медиумите од регионот Марко Пејчиновски од Охрид кој има само 12 години и вчера го преплива Охридското езеро.
Се наведува дека за 8 часа по ветровито време поминал 30 км.
Српски Курир пишува дека голем број сограѓани го пречекаа детето кое го преплива езерото.
Српски Телеграф го нарече суперхерој.
Граѓаните го коментираат овој потег на момчето, сите се воодушевени од упорноста и велат дека кога се сака нешто, пречки нема истото да се оствари.
Веста ја пренесоа и повеќе хрватски и бугарски медиуми.
Moмчето направи подвиг на кој сите можат да позавидат.
Слично
