Економија, финансии, бизнис

Контакт

Медиумите обвинети за манипулација и невистини, МВР уште молчи за сообраќајката со заменик министер

Медиумите обвинети за манипулација и невистини, МВР уште молчи за сообраќајката со заменик министер

Откако дел од медиумите во однос на синоќешната сообраќајка објавија дека се работи за дополнителен заменик министер во владата со реакција се јави Министерството за труд кое што ги демантираше сите наводни шпекулации со образложение дека опозициските медиуми манипулирале со јавноста.

Оттаму реагираат дека текстовите истите се базираат на невистини, шпекулации и груби дезинформации кои очигледно се смислени за да наштетат на угледот на дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика.

„Опозициските портали дрско и непоткрепено манипулираа дека се случила тешка сообраќајна несрека со настанати штети што е целосна невистина. За овој типичен пример на организиран и координиран напад поттикнат во политички цели против дополнителниот заменик министер во наредните денови не е исклучено и поведување постапки пред надлежните судови за докажување на вистината“.

Сепак останува да го почекаме билтенот на МВР па да видиме што ќе покажат официјалните податоци после увидот на истрагата.

Слично

Поврзани вести