Медиумите го чекаат Груевски пред Шутка
Медиумите вечерва се пред главниот влез на истражниот затвор Шутка, каде се очекува евентуално уште вечерва да дојде екс премиерот, Никола Груевски.
Тој треба да го започне издржувањето на двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“ за набавка на Мерцедесот од 600.000 евра.
Кривичниот совет попладнево му ја потврди на Груевски одлуката на судијата за извршување санкции за затворската казна. Решението е потврдено и испратено до странките. Ќе стане извршно веднаш откако ќе биде примено.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски рече дека Груевски е под политички прогон.
Слично
