Медиуми, хотели, аптеки - целиот список каде неделата сепак ќе биде работен ден
Во кои дејности сепак недела нема да е неработен ден. Готов е предолг законот за измена за Законот за работни односи и во него прецизно се наведени сите исклучоци. Инаку законот предвидува недела да е ден за неделен одмор, а вработените од секторите кои с еисклучоци ќе можат да користат еден слободен ден во седмицата што доаѓа. Законот треба да се усвои и во Собрание, а предвидено е да важи од следната година.
Еве каде се се исклучоците - списокот е долг.
За работниците кај работодавачите кај кои работниот процес е од таква природа што не може да се прекине поради техничко - технолошкиот процес и потребата од континуитет во работата, ден на неделен одмор може да биде друг ден во неделата и тоа во дејностите:
- Одгледување на животни,
- Мешовито фармерство,
- Вадење на јаглен и лигнит,
- Вадење на руди на метал,
- Печатење и издавање на весници,
- Производство на леб, слатки во свежа состојба и бисквити,
- Производство на плочи, листови, цевки и профили од пластични маси,
- Производство на метали,
- Аптеки,
- Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација,
- Снабдување со вода, отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности на санација на околината,
- Копнен, цевоводен, воден и воздухопловен транспорт,
- Складирање и помошни дејности во превозот,
- Објекти за сместување,
- Дејности за подготовка на оброци и служење на храна,
- Филмска дејност, дејности за видео и телевизиска програма,
- Емитување на програма,
- Телекомуникации,
- Информативни услужни дејности (хостирање, обработка на податоци, интернет портали и сл.),
- Прикажување на филмови,
- Фотографски дејности,
- Ветеринарни дејности,
- Изнајмување и давање под закуп (лизинг) на моторни возила,
- Дејности на приватна заштита и услуги на заштита со помош на сигурносни системи,
- Дејности на повикувачки центри,
-
Општи
дејности на јавната управа, само за итни и
недоложни работи
поврзани со одржување на седници,
инспекциски надзори, а кои работи се од
витално значење за
државниот и јавниот интерес,
- Работи на одбраната,
- Судски и правосудни дејности,
- Работи на јавниот ред и безбедноста,
- Дејности на пожарникарската служба,
- Дејности за здравствена заштита,
- Дејности на социјалната заштита со сместување,
- Креативни, уметнички и забавни дејности,
- Дејности на музеите,
- Дејности на зоолошки градини и природни резервати,
- Спортски, забавни и рекреативни дејности,
- Погребни и слични дејности,
- Царинска служба на гранични премини,
- Дејности кои имаат карактер на помошни или придружни дејности со цел непречено функционирање на дејностите од овој став, врз основа на склучен договор со работодавачот од дејностите од овој став и
- Работни места од други дејности кои не се опфатени со овој став, а имаат карактер на помошни и придружни работи за непречено извршување на основната дејност на работодавачот.
