Економија, финансии, бизнис

Контакт

Медицински сестри го опколиле Заев

Медицински сестри го опколиле Заев

Медицински сестри го фатиле на препад премиерот Зоран Заев за да му постават прашања за нивниот статус.

Изминатиов викенд од 18 до 20 мај се случи првиот конгрес на медицинските сестри, техничари, акушерки, стоматолошки сестри и лаборанти во Струга со присуство на над 300 здравствени работници.

„Особена чест и задоволство ни претставуваше неофицијалната средба со премиерот Зоран Заев токму на нашиот прв конгрес. Здружението ‘За нас’ минатата недела прослави една година постоење и над 5000 членови во Унијата на ниво на целата република, па позитивните реакции и наклонетоста кон изнаоѓањето решенија за нашите проблеми од страна на премиерот ни дадоа навистина голем поттик и во нашата натамошната работа“, велат од здружението.



Слично

Поврзани вести