Економија, финансии, бизнис

Контакт

Медарски: Mилошоски ќе биде тужен за клевета

Медарски: Mилошоски ќе биде тужен за клевета

Разговорот на снимката, која беше објавена денес од страна на Антонио Милошоски, се однесува на мојот професионален ангажман за компанијата Тотал ТВ, каде бев ангажиран од мнозинскиот сосопственик, а во врска со кривична пријава, поднесена од малцинскиот сосопственик, реагира адвокатот Филип Медарски.

„Ова не е прв, ниту единствен мој ангажман за оваа фирма, мојата соработка со неа датира години пред тоа. Спротивно на она што го тврди Антонио Милошоски, во мојот ангажман нема ништо спротивно на законите и професионалната етика. Заради тоа, тој ќе биде тужен за клевета и вистинитоста на своите тврдења ќе мора да ги докаже на суд. Фирмата ”Дијаверум” ми е позната само од медиумите и никогаш не сум имал било каков контакт со неа или било која друга компанија од областа на дијализата“, реагира тој. 

Денеска е објавена нова аудио снимка во која наводно се слуша гласот на екс директорот на ФЗО, Ден Дончев. 

Слично

Поврзани вести