Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мециновиќ до Ѓорѓиевски: Вие сметајте дека до понеделник јас можам да победам и да бидам градоначалник

Мециновиќ до Ѓорѓиевски: Вие сметајте дека до понеделник јас можам да победам и да бидам градоначалник

Во тв дуелот на Канал 5 вечерва, кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски го праша противкандидатот од Левица, Амар Мециновиќ дали ќе поднесе оставка од функцијата пратеник. Го праша дали тоа ќе го стори до понеделник, на што Мециновиќ му одговори дека до понеделник може и да победи на изборите. 

„Вие сметајте дека до понеделник јас можам да победам и да бидам градоначалник“, кажа Мециновиќ. 

Двајцата се обвинуваа кој соработува со ДУИ. Мециновиќ рече дека се бори против дивоградби, на што Ѓорѓиевски покажа фотографија од објект на неговиот татко во Скопје Север, и тврди дека тоа е дивоградба. На ова Мециновиќ пак повтори дека е растен со еден родител, со мајка му. 

„Рушете дечки, јас чекам да се руши, немам против“, рече Мециновиќ. 

Тој додаде дека јавните претпријатија не треба да се гледаат како банкомат. 

Слично

Поврзани вести