Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мециновиќ со повик: Гласачите на СДСМ да останат зад Левица, ние сме вистинската опозиција на ВМРО-ДПМНЕ

Мециновиќ со повик: Гласачите на СДСМ да останат зад Левица, ние сме вистинската опозиција на ВМРО-ДПМНЕ

Во изминатите два месеци постигнавме нешто што не можевме ни да замислиме, рече кандидатот на Левица за градоначалник на Скопје, Амар Мециновиќ, кој ги изгуби изборите. 

„Во создавањето на ова движење го имаме огледалото за иднината на Скопје. Скопје се разбуди и одлучи дека може да се гласа и да се избере поинаку. Сакам да им се заблагодарам и на гласачите на СДС. Сметам дека браната е пукната и дека ние сме вашата опција. Ве повикувам да останете зад Левица, затоа што Левица е опозицијата на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа го гледаме во Собранието, тоа го гледаме и на овие избори. Ве повикувам да останете зад левата опција за левиот блок да се консолидира и да може на секој начин да му задава удар на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Мециновиќ.

Слично

Поврзани вести