МЕЦИНОВИЌ САКА ДЕБАТА НА ШКОЛКА ВО ГРАДСКИ ПАРК: „Го повикувам Орце Ѓорѓиевски на дебата во вонстудиски простори“
Кандидатот за градоначалник на Левица, кој заедно со кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, ОРце Ѓорѓиевски оди во втор круг, истакна дека прифаќа дебата со Ѓорѓиевски, но надвор од студио.
„Јас го повикувам Орце Ѓорѓиевски во вонстудиски простори, на која ќе имаат право сите медиуми со свои новинари со различни уреднички редакции. Одма давам предлог, ене ја Школка таму, помеѓу граѓаните не со наместени прашања (не, чисто викам) не со контролирани услови туку едноставно пред граѓаните да се соочиме со сите телевизии со сите граѓани за да можат граѓаните да ја изберат опцијата која најмногу им се допаѓа“, рече тој.
Претходно, Канал 5 телевизија упати јавна покана до двајцата кандидати за градоначалници за дебата во нивното студио.
Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски ја прифати поканата.
