Економија, финансии, бизнис

Контакт

МЕЧКИТЕ ФАТЕНИ НА ДЕЛО: Мајка и мало мече, влечат ѓубре по улиците, жителите на Жировница ги снимиле

МЕЧКИТЕ ФАТЕНИ НА ДЕЛО: Мајка и мало мече, влечат ѓубре по улиците, жителите на Жировница ги снимиле

Жителите на Жировница, веќе некое време мака мачат со мечките кои се симнуваат во селото во потрага по храна.

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како мајка со мало мече влечат кеси со ѓубре, додека жителите ги снимаат.

Инаку, по поплаките на жителите од Општина Маврово-Ростуше дека од мечките кои се симнуваат во селата и влегуваат во нивните дворови им е загрозена безбедноста, Владата завчера го разгледала барањето за прогласување кризна состојба и за преземање на итни мерки и одлучи во најкраток временски период да бидат отстранети сите помали и поголеми ѓубришта коишто се во непосредна близина на населените места или во самите населени места, коишто претставуваат извор на привлекување на мечката, а од локалната самоуправа се бара да ги ислисти дивите депонии. 

Освен тоа, ќе се обезбедат местата каде се чува храна, ќе се организира поставување на хранилишта за мечките надвор од населените места, а во низата мерки се предвидува успивање, а не убивање на мечките.

@obedinetitorbesi #Zirovnica ♬ original sound - ZdruzenieObedinetiTorbesi


Слично

Поврзани вести