Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мечка во Отуње бара храна на тераса

Мечка во Отуње бара храна на тераса

Мечка влезе во селото Отуње, Тетовско, и јадеше остатоци од храна кои жителите ги оставиле на терасата. Домаќините во тој момент биле во куќата и со мобилен телефон ја снимиле мечката, пренесува Тетовоинфо.

Мечките од Шар Планина, во потрага по храна, навлегуваат во дворови и прават штети. Најмногу вакви случаи се регистрирани во селата Доброште, Теарце, Отуње и Сетоле.

Во дел од селата тие уништија лешникови дрвца, но и пчеларници. 

И претходните години во западниот дел на Македонија имаше поплаки за спуштањето на мечките во селата. 


Слично

Поврзани вести