Мечка повредила човек во гостиварско село
Мечка нападнала човек во гостиварското село Бродец.
Повреден е човек на возраст од 55 години во гостиварското село Бродец, пишува локалниот портал Гостивар Прес. Мечката се нафрлила врз човекот, го фатила за нога и го влечела, а се спасил благодарение на овчарски кучиња.
На нападнатиот, кој не бил од селото, му била укажана лекарска помош, пишува Гостивар Прес. Бродец се наоѓа на околу 35 километри од Гостивар, на надморска височина од околу 1.450 метри, во близина на изворот на реката Радика.
Слично
