Мечка нападна човек додека собирал печурки во Рилево
Мечка нападнала возрасен маж од селото Рилево од општина Долнени додека вчера утрината околу 10 часот собирал печурки.
Тој бил тешко повреден во атарот на селото, но за среќа бил забележан од група ловџии кои веднаш му притрчале на помош. Повредениот бил пренесен во прилепската болница, а поради сериозноста на повредите, подоцна бил транспортиран на скопските клиники.
Според првичните информации, ова е редок инцидент во овој регион, а локалните жители велат дека мечки во последно време сè почесто се спуштаат во близина на населените места во потрага по храна.
Слично
