Економија, финансии, бизнис

Контакт

МЕ ЗАЦРНИВТЕ, ВАКА НЕ БИВА: Газда на ресторанот „Крим“ казнет со 7.000 евра за сертификати на гостите

МЕ ЗАЦРНИВТЕ, ВАКА НЕ БИВА: Газда на ресторанот „Крим“ казнет со 7.000 евра за сертификати на гостите

Илија Митрев сопственик на гевгелискиот ресторан „Крим“ денеска им се обрати на надлежните од пред ресторанот кој пред неколку дена бил казнет со казна од 7.000 евра. Причина за санкцијата е контрола во која се покажало дека неколкумина гости имаат лажни сертификати. Пред ресторанот беа насобрани педестина луѓе кои дадоа поддршка. Сопственикот е револтиран и вели дека оваа кзна ќе му го затвори бизнисот.

„Две години се боревме да преживееме. Две години не можеме два денара да извадиме. Позајмици правам да платиме струја, плати. Ова е катастрофа. Дали сум јас или некој друг, вака не бива. Јас не сум убиец. Идат гости, во време кога има 100,000 лажни сертификати, кога економијата е нула, ова ни го прават, знаете ли колку пара е седум илјади евра?, изјави сопственикот Ице на собирот на граѓани пред неговиот ресторан кои дојдоа да му изразат поддршка против неправедната одлука на гевгелиската инспекција“, рече Митрев.

Поддршка дадоа и насобраните. Велат дека станува збор за бирократија и дека кафулињата нема како да проверуваат дали сертификатите се лажни. Освен „Крим“ затворени били и други гевгелиски оибјекти. Засилени полициски акции синоќа имаше и во Кочани и во Кавадарци. Секаде се фаќаат граѓани со лажирани сертификати.



Слично

Поврзани вести