Економија, финансии, бизнис

Контакт

„МЕ СЛИКАТЕ, СЛЕДИТЕ И СЕ ЗАКАНУВАТЕ“: Петровска со шокантна објава - за убијците пред Мавровка тврди дека имало потерница

„МЕ СЛИКАТЕ, СЛЕДИТЕ И СЕ ЗАКАНУВАТЕ“: Петровска со шокантна објава -  за убијците пред Мавровка тврди дека имало потерница

Убиството во центарот на Скопје, не само што ги загрижи граѓаните, туку предизвика и лавина од препукувања меѓу владините и опозициските претставнии. По критиките од поранешната министерка за одбрана, Славјанка Петровска дека зад убиството стои самиот премиер, за што Мицкоски најави тужба, министерката излезе со тврдење дека убијците се осуденици кои избегале од затвор и се бараат со потерница. 

Заради нејзините критики и јавно објавени ставови, Петровска на Фејсбук сподели дека добива закани на социјалните мрежи, на кои има фотографии од нејзе и нејзиниот миленик. 

- Ме сликате, ме следите и се заканувате.

Предходно не ме критукувавте за работењето туку ме омаловажувавте, навредувавте и клеветевте. Но јас криткував и ќе продолжам. Тоа ми е должност.

Како што е должност на МВР да провери кој следи народен пратеник, доскорашен министер за одбрана односно жена додека го шета својот миленик и згора на се објавува фотографии на социјални мрежи и се заканува.

Скопје 7 месеци по превземањето на МВР од страна на ДПМНЕ е небезбеден град.

Христијан, наместо да ме замолчуваш со притисоци од ваков тип одговори и на јавноста:

Дали сторителите на вчерашното убиство во сред бел ден, во центарот на Скопје се двајца осудени криминалци кои наместо да се во затвор, биле на слобода и дали е точно дека по нив е распишана потерница пред повеќе од 30 дена.

Во тоа време обврската за нивно пронаоѓање и враќање во затвор е на Министерството за внатрешни работи. Ако биле во затвор, каде што и требало да бидат, немаше да го извршат вчерашното убиство.

Патем ќе поднесам пријава до МВР и да видиме каков пристап ќе има МВРО-ВМРО во случајот за тоа што ме следат и ми се закануваат - напиша Петровска на Фејсбук. 

Еве ја нејзината објава: 

Нејзината објава за кратко време собра бројни коментари, меѓу кои и такви кои ја поддржуваа, но и и такви кои ја критикуваа и „зачудувачки“ ги поддржаа заканите кон неа. 

Слично

Поврзани вести