Ме оперираа неколку денови по свршувачката, сега малите движења за мене се огромни: Искрено со Ангела Здравковска
Пејачката Ангела Здравковска, која по професија е магистер по право на интелектуална сопственост, секој нов ден се повеќе ѝ се радува на како што вели новата Ангела, која ѝ се случи по здравствените компликации.
Само неколку дена по нејзината свршувачка, Ангела под итно заминала на операција на главата, поради абсцес на мозокот, проблем кој морал оперативно да се отстрани. По две години борба повторно да застане на нозе, таа денес самостојно се движи и вели дека му се радува на секој нов чекор.
Шарматната беровчанка искрено раскажа за целата нејзина приказна која ја направила нова и посилна личност, а се присети и на почетоците на својата кариера, во шоуто „Мак ѕвезди“ кај Драган Вучиќ на кој со љубов се сеќава.

На социјалните мрежи храбро објави дека по две години, конечно можеш самостојно да се движиш. Што се случи, каква интревенција имаше која ти го оневозможи движењето?
Да, јас решив јавно да си говорам за својата состојба, пред с è да ја прифатам самата, за да се доближам до луѓето и со тоа да ја подигнам свеста за трауматски повреди на главата и состојбите пост траумата.
Пред две години имав интервенција - операција на глава, абсцес на мозок проблем кој за жал мораше оперативно да се отстрани.
На кој начин и во кој момент дозна за оваа дијагноза?
Здравковска: Бев на тим билдинг во Грција. За 24часа почувствував главоболки како мигрена. Почна да ми пречи светлина, гужва, галама. После два дена ме однесоа за Штип и ме хоспитализираа. Мајка ми беше таа која ме дијагностицира кога се покажа на магнетот, таа е општ лекар.
Повеќе на Женски магазин овде