„МЕ БЛОКИРАЛА НА ФЕЈСБУК. КОЛКУ ДЕТСКА ПОСТАПКА“: Ванковска со остра критика кон претседателката
Добро е! Претседателката го прочитала писмото! Како знам? Па ме блокирала повторно на ФБ! Колку детска постапка!!
Ова го напиша на социјалните мрежи, професорката и некогашна кадидатка за претседател на државата, Билјана Ванковска.
Ванковска испрати отворено писмо до претседателката на Македонија, Гордана Силјановска Давкова, поврзано со случувањата во Газа проследено со апел за поразлично претставување на Генералното собрание на ООН во септември.
- Инаку, кога сум веќе на оваа тема. Чув дека препорачува вестите да почнувале со настани од културата, спортот и сл, а политика на крај! Не ми се верува дека е ова истата жена која како професорка ги учела студентите што е polites (активни граѓани) и idiotes (оние кои не се грижат за јавните работи, туку си уживаат во работи што нив ги прават среќни). Според оваа “логика”, ние за јавните работи (res publica ) или не дај боже за геноцид треба и да не слушаме. Треба да си се затвориме во меурот (оној кој таа си го изградила очигледно и веќе со години, како пратеничка и претседателка, ужива во него). Ама ние живееме реални животи. Како што велеше Бертолд Брехт: ти може не се занимаваш со политика - ама таа се бави со твојот живот.
