Економија, финансии, бизнис

Контакт

МЦМС: Владините „афери“ немаат влијание на последната анкета

МЦМС: Владините „афери“ немаат влијание на последната анкета

Од спроведуваот на последната анкета за партиските рејтинзи МЦМС сметаат дека „аферите“ на власта немаат толку голем удел во поместувањата и изедначувањето на резултатите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во јавноста, затоа што пикот на истражување бил по распишувањето на рефрендумот на 30 јули, а анкетата е спроведена во периодот од 24 јули до 1 август., објави „Независен“.

Како аргумент за тоа дека влијанието на аферите не е пресудно се посочува покачувањето на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ за 3,4 процентни поени, наспроти намалувањето кај СДСМ за само 1,1 поен. На тој начин, предноста на СДСМ што во мај годинава изнесуваше близу пет процентни поени, сега е стопена речиси на нула.

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, според најновата анкета, се во „мртва трка“ во сооднос 24,4 наспроти 24 проценти.  Затоа, пак, владејачката ДУИ е неприкосновена во албанскиот политички блок, иако и нејзиниот рејтинг е намален за симболични 0,5 проценти. Довербата  од 6,9 проценти за ДУИ  е, всушност, поголема и од збирот на рејтинзите на сите други партии во овој камп: Алијансата за Албанците -2,7 проценти, Беса – 1,7 и ДПА -0,5 отсто, кај кои се бележи сега исто така опаѓачки тренд. Бројките покажуваат дека во пораст овој пат е единствено ВМРО-ДПМНЕ, како и процентот на неопределени гласачи (30 проценти) и на  оние кои рекле дека нема да гласаат ако утре се одржат избори. Од МЦМС сметаат дека во овој период најголемо влијание на рејтинзите имал договорот со Грција.

-Дел од падот на поддршката за СДСМ е резултат на падот на довербата кај етничките Албанци, откако изненадија на изборите во декември 2016 година со проценети 15 отсто гласови добиени од нив и постигната максимум доверба во февруари 2017 година (20,4 отсто). Веќе во септември 2017, пред локалните избори, имало пад на довербата на 15,1 процент, а на мајската анкета паднала на 13,2 отсто, што е компензирано со зголемена поддршка кај Македонците. Сега тој тренд е продолжен и изнесува само 8 проценти. Тоа сѐ уште е многу повеќе од бројката на ВМРО-ДПМНЕ од 0,9 проценти доверба кај Албанците, посочуваат од МЦМС.

Оттаму велат дека, од друга страна, има раст на довербата за ВМРО-ДПМНЕ кај Македонците: од 28 проценти  во мај на 32,8, што на некој начин ја потврдува тезата дека тоа е поради договорот со Грција. Тие што се против договорот, а минатиот пат не биле определени, сега се приклонуваат кон ВМРО-ДПМНЕ. Практично, 4,8 процентни поени напредок кај етничките Македонци, го носи целото нивно зголемување од 3,4 процентни поени.

Според проценките на МЦМС, можно е мало влијание да имале и случаите со тендерот на Министерството за здравство и со донациите од Фондот за иновации, но тие случаи не се одлучувачки.


Слично

Поврзани вести