Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мазнева: И по 10 години од смртта на сопругот, корумпираното здравство и судство молчат

Мазнева: И по 10 години од смртта на сопругот, корумпираното здравство и судство молчат

И по 10 години од немилиот настан кој и се случи, советничката на опозицискиот лидер Мицкоски, Косана Мазнева не може да се помири со случајот кој го потресе нејзиното семејство. Таа го загуби сопругот, а за неговата смрт го обвинува здравството, и тврди дека случајот е лекарска грешка.

Мазнева на социјалните мрежи, пишува дека и по толку години судството молчи за кристално јасниот случај .

-И после точно 10 години од неговата смрт при кристално јасен случај - лекарска грешка, корумпирано здравство, во спрега со корумпираното тогашно и сегашното судство сеуште молчи.

Мазнева ги прашува докторите Слободан Ристовски и Виктор Камиловски , но и чесниот суд дали спијат мирно, бидејќи таа и нејзините деца не, потенцирајќи дека како нејзиниот така и сите други случаи ќе бдеат над сите нив, уште долги години бидејќи, како вели, ова не се заборава.


Имено, по апстиненцијата од политичките случувања, Мазнева во април повторно е работно ангажирана во кабинетот на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, каде  е назначена за координатор за политички партии и НВО-секторот.

Косана Мазнева  беше пратеник во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во два мандата во периодот од 2008 до 2014 година. Покрај тоа, беше и претседател на Унијата на жени. Во тоа време ѝ се случи голема семејна несреќа кога почина нејзиниот сопруг, со кој има две деца. Потоа повторно се омажи, ја роди третата ќерка и целосно му се посвети на мајчинството. Во меѓувреме, беше дел од Програмскиот совет на МРТ.

Слично

Поврзани вести