Економија, финансии, бизнис

Контакт

„МАЖИТЕ ОБИЧНО САКААТ ЛИПОСУКЦИИ И НАМАЛУВАЊЕ НА ОЧНИТЕ КАПАЦИ, НО ИМА ИНТЕРЕС И ЗА ...“ д-р Угриновски ексклузивно во поткастот „Бизнис муабети“ на Фактор

„МАЖИТЕ ОБИЧНО САКААТ ЛИПОСУКЦИИ И НАМАЛУВАЊЕ НА ОЧНИТЕ КАПАЦИ, НО ИМА ИНТЕРЕС И ЗА ...“ д-р Угриновски ексклузивно во поткастот „Бизнис муабети“ на Фактор

Нема кој во Скопје и во земјава не го познава д-р Емил Угриновски, или, како што го нарече нашиот водител Мишко Иванов, еден скопски урбан лик, познат како менаџер на „Неуромедика“, но влезе и во градежниот бизнис, а од неодамна го стопанисува и ноќниот клуб „Мош“.  

За поткастот „Бизнис муабети“ на Фактор Угриновски ја раскажува својата животна приказна, почетоците на неговиот бизнис, развојот и напредокот во кариерата, но и интересни пикантерии, кои претстојните 70 минути разговор ќе ги направат вистинско уживање.

„Стартував во едни навистина скромни услови. Тоа беше еден двособен стан и на почетокот имавме тројца вработени. Понатаму нивниот број се зголемуваше, меѓутоас инвестицијата, еве ако не го земеме предвид станот, беше, ајде ќе кажам, некои десетина илјади марки“, објаснува д-р Угриновски. 

Водителот Мишко Иванов, се интересираше и зошто, на сите успшешни бизниси, д-р Угриновски решл да се испроба и во угостителството, односно да го стопанисува локалот „Мош“. 

А, едно од поинтересните прашања беше во делот на медицината, имено пластичната хирургија, во смисла, какви корекции најмногу прават луѓето на своите тела.

„Што сега прават пластичните хирурзи, ова е сега навистина мода“, вели Иванов, прашувајќи дали во тој дел влегуваат и мажите, и за какви „поправки“ тие се интересираат. 

Угриновски вели дека жените прават буквално секакви корекции, а тука секако дека влегуваат и градите“.

Додека, пак, кога станува збор за мажите, тие се повеќе тропнуваат на вратата на пластичната хирургија. 

„Мажите обично ги сакаат липосукциите, но се заинтересирани и за намалување на очните капаци, со цел да изгледаат помладо“.

А, на прашањето на Мишко Иванов дали има интерес и за интервенции кај половите органи, тој одговара дека го има и тоа, а се работи и на промена на полот кај одредени индивидуи. 


Ова е само најава, малку подоцна во текот на денешниот ден ќе го објавиме и целиот разговор, само во поткастот „Бизнис муабетри“ на Фактор. 

Слично

Поврзани вести