МАЖ СО ПОВРЕДИ ОД ОСТАР ПРЕДМЕТ ПРОНАЈДЕН ВО ОХРИД - хоспитализиран е во болницата, се утврдува неговиот идентитет
Непознато лице со повреда од остар предмет денеска во раните утрински часови е пронајдено во Охрид.
Тој е пренесен на лекување во болницата во Охрид, а полицијата се обидува да го утврдува неговиот идентитет.
- На 14.09.2025 во 05:50 часот во СВР Охрид е пријавено дека, на улицата .„Партизанска“ во Охрид е пронајдено машко лице со повреда од остар предмет.
Лицето е пренесено во Медицински центар Охрид за укажување лекарска помош и се преземаат мерки за утврдување на неговиот идентитет и за расчистување и документирање на случајот - се посочува во билетенот од СВР Охрид.
Слично
