Маж со крваво лице лежел во Жена парк, Брзата помош дошла по половина час
Вчера околу 16.50 часот минувачите во паркот Жена борец во Скопје забележале човек кој лежи на земја. Веднаш, односно во 16.51 часот повикале брза помош, но оттаму наместо да преземат нешто, операторот од Ургентен ги прашал што му е на болниот, да не е некој пијан и дали може дали да провери дали мириса на алкохол.
Но, заради тоа што сме во период на пандемија, тоа не можел никој да го направи. Така што, наместо да помогнат, тие рекле случајот да се пријави во полиција. Истото било пријавено нешто пред 17 часот.
Цело време лицето лежело на земја, со крв по лицето, не подалеку од 100 метри од Градска болница. Биле потребни 10 минути полицијата да стигне во овој парк во центарот на главниот град. Но кога стигнале немало што да направат бидејќи на лицето му требала медицинска помош. И тие побарале помош од Брзата помош.
Во меѓувреме лицето се освестило, но пак тешко комуницирало. Единственото нешто што успеало да и каже на полицијата било дека паднал сам и дека не бил нападнат. Брзата помош пристигнала во 17.20 часот.
