Економија, финансии, бизнис

Контакт

Маж си ја уби сопругата, пукал и на улица

Маж си ја уби сопругата, пукал и на улица

Во тетовска Мала Речица на улица „Љуботенска“ средовечен маж смртно ја застрелал својата сопруга во нивната куќа, по што пукал од своето оружје и на улица.

Станува збор за педесет и тригодишен кој синоќа околу 22 часот и 30 минути со огнено оружје ја усмртил својата една година помлада сопруга по што се дал во бегство, информираат од МВР. По убиството, обвинетиот се дал во бегство и продолжил да пука и на самата улица каде што имало и такси возило, но никого не погодил.

Полицијата презема интезивни активности за негово пронаоѓање и приведување. На местото на настанот увид извршиле јавен обвинител и екипа на СВР Тетово, а повеќе информации за настанот се најавени во текот на денот.


Слично

Поврзани вести