Економија, финансии, бизнис

Контакт

Маж се заканувал со пиштол поради недоразбирање во сообраќајот

Маж се заканувал со пиштол поради недоразбирање во сообраќајот

Поради недоразбирање во сообраќајот маж се заканувал со пиштол во Скопје. 

Д.П.(25) од Скопје вчера во 21.09 часот пријавил во полиција дека на бул.„Борис Трајковски“ и бул.„Коцо Рацин“, додека се превезувал во автомобил „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Ф.С.(25) од Скопје, поради недоразбирање во сообраќајот едно лице кое управувало автомобил „форд фокус“ им се заканувало со пиштол. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слично

Поврзани вести