МАЖ ПУКАЛ ВО ЦЕНТАРОТ ЗА СОЦИЈАЛНИ РАБОТИ ВО ПРИЛЕП: Ранил службеничка која заврши во болница
Маж на возраст од 50 години денеска пукаше и рани вработена во прилепскиот Центар за социјални работи.
Пукањето се случило во Центарот за социјални работи нешто пред 14 часот. Според началникот на Итната помош, Боше Милошески, 38-годишната социјална работничка има прострелна рана од куршум во стомакот. Таа е во болница и е во стабилна состојба.
„Од страна на полициски службеници од ОВР Прилеп било излезено на лице место при што лишен од слобода бил А.Ј.(50) од Прилеп кај кого се пронајдени пиштол и нож“, велат од полицијата.
Неофицијално, тој ја демнел жената подолго време.
Слично
