Економија, финансии, бизнис

Контакт

Маж пукал од балкон во Ѓорче Петров

Маж пукал од балкон во Ѓорче Петров

Жител на населбата Ѓорче Петров на возраст од 70 години, од балкон испукал неколку куршуми во воздух, по што полицијата дошла во неговиот дом.

Инцидентот се случил во текот на вчерашниот ден. 

„Вчера во 17.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека од балкон на стан на подрачје на Ѓорче Петров, Ж.К.(70) од Скопје го нарушил јавниот ред и мир така што со пиштол испукал неколку куршуми во воздух. Од лицето бил одземен пиштолот „М- 70“ калибар 9мм., две рамки за пиштолот, 12 куршуми калибар 9мм., футрола за рамка, ловечка пушка „црвена застава“ калибар 16/70мм., два патрона за ловечка пушка „белон 2,50 мм.“, футрола за ловечка пушка и две дозволи за поседување и носење оружје на негово име“, соопштија од полицијата.

По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Слично

Поврзани вести