Економија, финансии, бизнис

Контакт

Maж прогонувал скопјанка со која бил во врска, ставил уред за следење на нејзиниот автомобил

Maж прогонувал скопјанка со која бил во врска, ставил уред за следење на нејзиниот автомобил

Маж прогонувал скопјанка со која порано бил во врска, ѝ ставил уред за следење на автомобилот. 

Како што соопшти полицијата, 31-годишна скопјанка вчера пријавила дека во текот на минатата година, нејзиниот поранешен партнер од Гостиварско ја следел и ѝ се заканувал, а исто така и ѝ го оштетил автомобилот, на кој претходно поставил уред за следење.
„На 5 март 2026, 31-годишна жена од Скопје пријави дека нејзиниот поранешен партнер З.А. од гостиварско, во текот на 2025 година и упатувал закани преку мобилен телефон и преку апликација на социјална мрежа. Според пријавеното, на пријавителката ѝ било оштетено и патничкото возило, а тој ја следел ѝ се заканувал, а имал поставено и уред за следење на нејзиното возило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти полицијата.
Деновиве имаше повеќе пријави за семејно насилство. 

Слично

Поврзани вести