Маж од Вратница загина возејќи квадрицикл
Маж од Вратница синоќа загина возејќи квадрицикл, објави МВР. Возачот излетал од патот Беловиште - Вратница.
„Вчера во 21.45 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локален пат Беловиште-Вратница, во тетовска Вратница, четирицикл без регистарски ознаки,
управуван од Н.С.(58) од Вратница, излетал од патот.
Од здобиените повреди возачот починал на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, соопштија од МВР.“, соопшти полицијата.
Увид на местото исвршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.
Слично
