Економија, финансии, бизнис

Контакт

Маж од Македонија сакал да изврши терористички напад во Италија

Маж од Македонија сакал да изврши терористички напад во Италија

Италијанската полиција уапси македонски државјанин, кој е осомничен дека се подготвувал да изврши терористички напад во името на џихадистичката група Исламска држава (ИД), јави ДПА. 

Агим Мифтаров (29)  години, e уапсен во центарот за депотација на мигранти во Плацо Сан Џервазио во јужна Италија, откако полицијата забележала сомнителни активности на неговиот профил на Фејсбук.

Тој е обвинет за „подготовка за извршување на терористички акти“, за што, според италијанското законодавство, е предвидена затворска казна во траење од пет до десет години. 

Полицијата информира дека според изјави на сведоци, тој се „самообучувал за евентуални идни терористички активности, можеби дури и во кризни региони како Сирија“.

Мифтаров преку интернет читал пропагандни содржини на ИД и прегледал скоро 900 видеа за обука на терористи.

Тој во Италија работел како шумски чувар и често патувал за Македонија. Полицијата почнала да го следи при неговото враќање во Италија лани во ноември, по што во април бил задржан при обид да замине за Македонија и бил префрлен во центарот за депортација. 

Слично

Поврзани вести