Маж на Бит Пазар се обидел да прегази полицаец
Инцидент се случил на Бит Пазар, каде скопјанец прво се скарал со полицајци, а потоа се обидел да прегази еден од нив.
Полициски службениди од СВР Скопје вчера во 18.20 часот на подрачјето на Бит Пазар го уапсиле 51-годишниот Н.А. од Скопје. Човекот се однесувал агресивно со полицајците, кои извршувале службени дејствија, по што се обидел со автомобил „Голф“ да удри во еден од нив. Полицијата по документирање на случајот ќе поднесе соодветна пријава за 51-годишниот маж.
Слично
