Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАЖ ЈА НАПАДНАЛ СОПРУГАТА СО МЕТАЛНИ И ДРВЕНИ ПРЕДМЕТИ - нови шокантни случаи на семејно насилство

МАЖ ЈА НАПАДНАЛ СОПРУГАТА СО МЕТАЛНИ И ДРВЕНИ ПРЕДМЕТИ - нови шокантни случаи на семејно насилство

Нови случаи на семејно насилство објави денеска Министерството за внатрешни работи, при што три лица лишени се уапсени во изминатото деноноќие. 

Во едениот случај, сопружник нападнал сопруга, при што кристел дури и метални и дрвени предмети.

- На 25.05.2026 во 04:30 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Т.С.(51) од Битола, бидејќи во семејниот дом во Битола физички ја нападнал неговата 54-годишна сопруга, а притоа користел и метални и дрвени предмети. Од страна на судија од Основен суд Битола на Т.С. одредена му е мерка притвор - посочуваат од МВР. 

Во еден случај син ја нападнал својата мајка.

- На 25.05.2026 во 20:50 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Н.Ј. (28) од кумановско село, затоа што физички ја нападнал неговата мајка. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава - објаснуваат од МВР.

Во последниот случај кој е пријавен во Кичево, маж ја нападнал својата вонбрачна партнерка. 

- На 25.05.2026 во 15:40 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода А.А.(48) од Кичево, по претходна пријава дека на 24.05.2026 околу 11:30 часот во семејниот дом на пријавениот, тој физички ја нападнал неговата 40-годишна вонбрачна партнерка од кичевско. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава - укажуваат во објавата. 

Слично

Поврзани вести