Маж ја киднапирал поранешната партнерка, ја силувал и ја држел 3 дена во заложништво
Маж ја киднапирал поранешната партнерка, ја силувал и ја држел 3 дена во заложништво, соопшти полицијата.
„Утрово во 4 часот во СВР Скопје, 28-годишна жена од скопско пријави дека на 17 април 2026 година во Дебар, каде што престојувала со вонбрачниот партнер, откако излегла од угостителски објект, на сила била внесена во патничко возило од поранешниот нејзин партнер И.В.. Возилото го управувало друго лице. Отишле во куќа на роднина на И.В. во скопско село. Според пријавеното, таму со сила била држена до 20 април 2026, а поранешниот партнер извршил обљуба врз неа и физички ја малтретирал“, соопшти полицијата.
На 20 април 2026 година околу 19:30 часот таа успеала да побегне и го пријавила случајот.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.
фото МВР