МАЖ ИСТЕПАЛ СОЦИЈАЛЕН РАБОТНИК: Кршел инвентар и фрлал со тврди предмети
Тетовец вчера нападнал вработен во Меѓуопштински центар за социјални работи Скопје.
Настанот е пријавен во полиција.
„Вчера во 13.30 часот во СВР Скопје, У.Д.(41) од Скопје пријавил дека околу 10.30 часот на работното место во Јавна установа – Меѓуопштински центар за социјални работи Скопје бил физички нападнат од В.Д. од Тетово, кој притоа оштетил дел од инвентарот, фрлал тврди предмети и упатувал закани кон други вработени од установата“, стои во полицискиот билтен.
Неодамна во Прилеп, маж пукаше во социјална работничка.
Слично
