Економија, финансии, бизнис

Контакт

Маж и жена паднале со возило во Крива река и починале

Маж и жена паднале со возило во Крива река и починале

Маж и жена од скопско Марино загинаа во сообраќајна несреќа вчера утрото од повреди предизвикани при пад со возилото во крива река, соопшти МВР.

- На 26.05.2024 во 07.55 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локалниот пат кој води од село Коњух кон село Бељаковце, кај место викано „Ракле“, кратовско, патничко возило „даеву матиз“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ж.Ј.(75) од село Марино, општина Илинден, излетало од коловозот и паднало во Крива река. Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот и неговата сопатничка С.Ј.(76) од село Марино, гласи информацијата во полицискиот билтен.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен oбвинител телата на починатите биле предадени на обдукција, додаваат од МВР.  Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Куманово.   


Слично

Поврзани вести